ВМРО-ДПМНЕ во Куманово и Свети Николе - последни три дена од кампањата

 

Партиите и коалициите влегуваат во финишот на изборните кампањи за вториот круг од претседателските и предвремените парламентарни избори што ќе се одржат в недела на 27 април. Остануваат уште три дена од кампањата пред молкот в сабота и неделното гласање.   

ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За подобра Македонија“ денеска ќе одржи митинзи во Свети Николе и во Куманово, а посети и средби со граѓаните ќе се организираат во општините Лозово и Чашка.

СДСМ и коалицијата ќе одржи митинзи во Битола и Прилеп, а нејзини претставници ќе ги посетат општините Охрид, Кичево, Струга и Македонски Брод.

ДУИ во пресрет на предвремените парламентарни избори ќе одржи митинг во Гостивар.

Во скопски Чаир, пак, митинг ќе одржи Демократската партија на Албанците.  

ВМРО - НП ќе има средби со граѓаните во Битола, а НДМ во скопската општина Центар.

23.04.2014 - 09:11
Фото: 
vlada

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега