Тарчуловски: Во најтешките моменти само Груевски и ВМРО-ДПМНЕ беа зад мене
Јохан Тарчуловски говореше за придобивките од програмата „Проверено“, а посебен акцент стави на фактот што во неа има место буквално за секого.
-Јас сум прв претседател на УМС во Бутел. Кога се случи ситуацијата кога бев осуден, единствена поддршка и морална сила ми беше премиерот. Тогаш како опозиција, па после и како премиер беше зад мене. Во најтешки моменти кога се срамеа другите да кажат дека ме знаат, премиерот секое време беше тука за мене. Тие негови зборови сите 8 години ми даваа сила во душата зашто знам дека оние со кои сум израснал се зад мене и не ме оставаат. Лојалноста и чесноста се враќаат со добро, истакна Тарчуловски.
Како што истакна тој, во програмата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, има место за секого и дека премиерот посебно на сите целни групи внимава за секој да се најде во програмата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа