Попоски: Сет мерки за лицата кои потешко се вклучуваат на пазарот на труд

 

Носителот на кандидатската листа за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во ИЕ 6 Никола Попоски денеска ги презентираше сет мерките за помагање на лицата кои потешко се вклучуваат на пазарот на труд, предвидени со новата програма.

- Овие мерки се наменети за самохрани родители, за деца без родители, за родители на деца со посебни потреби, како и за оние кои подолг временски период останале без вработување како резултат на стечај или ликвидација на фирма, а се на возраст од 50 до 62 години, а воедно и на најмладите до 29 години, појасни Попоски.

За нив, како што рече, според програмата е предвидено државата да го субвенционира нивното вработување во рок од шест месеци со покриени трошоци и осигурување. - Воедно работодавачот ќе има обврска да ги задржи најмалку уште 12 месеци, при што во рок од 18 месеци би можеле и понатаму да се задржат на работа, додаде Попоски.

22.04.2014 - 15:37
Фото: 
Лидер.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега