Мистерија без одговор: Снимен до сега најчудниот радио сигнал во вселената
Уште во 2011 и 2012 година астрономите кои работеле во австралиската опсерваторија снимија серија од кратки, но многу силни радио сигнали. Долго време постоеа сомнежи за нивното потекло, но неодамна тие повторно беа фатени во опсерваторијата Аричебо во Порторико.
Астрономите почнаа да шпекулираат дека сигналите од 2011 и 2012 не потекнуваат од нашата планета. Тие се околу десетина биле снимени во тоа време и траеле само неколку милисекунди, но она што е интересно е дека нивниот извор пуштил повеќе енергија отколку нашето Сонце изминативе 300.000 години, според io9.com.
Постојат разни теории околу оа што би можело да биде извор на тие сигнали, а некои од предлозите се нарекуваат blitzari (премногу тешки неутронски ѕвезди, кои поради високата ротација се претвораат во црна дупка), magnetar (неутронска ѕвезда со супер силно магнетно поле), испарување црни дупки и гама-зраци пукна, каде е веројатно вклучена и супернова.
Опсервацијата Аричебо има најголема радио антена во светот, а на 2 ноември 2012 беше забележан голем скок во мерните инструменти за 3 милисекунди. После тоа сигналот не се повторил.
Сигналот е наречен FRB 121102 и е многу сличен на оние сигнали забележани во Австралија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа