Убиениот ученик бил мирен и повлечен - детали за хоророт на Велигден

16- годишниот М.Ј. е убиен синоќа на улицата Радослав Игнатовиќ во Калуѓерица, во училишниот двор на Основното училиште Алекса Станиќ.

Како што пренесуваат српските медиуми, директорот на училиштето вели дека малиот Марко бил мирен и повлечен ученик кој не правел проблеми. 

- Шокиран сум од ова што се случи. Цела вечер око не склопив. Марко беше мирен и повлечен ученик. Не правеше проблеми никогаш, вели директорот кој е во шок.

Трагедијата се случила во 22 часот а засега не е јасно која е причината за убиството. Според првичните информации,  убиецот пикал со пиштол па постои можност момчето да не бил метата за убиство туку да е погоден по грешка.

Откако бил погоден од куршум тој бил жив иако обилно крварел од устата. Момчето веднаш било пренесено во ургентниот центар во Белград но за жал таму подлегнал на повредата. Докторите пробале да го спасат но залудно.

22.04.2014 - 13:03
Фото: 
ало.рс

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа