Внимавајте какви фотографии објавувате на Фејсбук- еве зошто

Дека на Фејсбук не постои контрола доказ е и оваа Фејсбук страница. Неверојатно несоодветни содржини и коментари се појавија за Фејсбук страницата "Најголемата др**а во основните и средните училишта" која за само неколку дена доби повеќе од 55 000 фанови. Она  што е скандалозно е дека повеќето од овие девојки се малолетнички во основно или средно училиште.

Сепак не можеме да ја занемариме оваа фотографија која ја направиле самите девојки, па прашањето е кој е всушност крив, оние кои прават вакви невкусни фотографии и ги прикачуваат на Фејсбук или оние кои на лош начин ги злоупотребуваат нивните фотографии.

 

Администраторите на оваа страница кои се уште се анонимни објавуваат фотографии од девојки од БиХ, Хрватска, Србија и ги повикуваат корисниците на оваа друштвена мрежа да испраќаат што повеќе вакви сксплицитни фотографии.

22.04.2014 - 11:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега