„Ќе дојдам и сите ќе ве заколам" - направил хаос во Брза Помош

Анонимен маж од Србија се јавил во Брза помош и направил вистинска драма. Мажот неколку пати ѕвонел во Брзата помош, започнал да пцуе, а потоа и почнал да се заканува дека ќе дојде и сите ќе ги убие.

Додека револтираниот маж тврдел дека неколкупати се обидел да воспостави врска со нив, а не му успеало, поради што и се изнервирал, од Брзата помош велат дека неколкупати се слушнале со него, но тој им се заканувал. 

- Човекот започна веднаш да вика и да пцуе. Рече дека со часови се јавува, но не може никого да добие. Почна да не навредува и нас и политичарите, а дознавме само дека се јавува поради својата 80-годишна мајка која боледува од Паркинсова болест. Бевме спремни да тргнеме и да помогнеме, но повторно се јави и се закануваше. Рече дека ќе дојде и ќе не заколе, или ќе ни фрли бомба. Кога екипата пристигна, излезе дека случајот не е итен, велат од брзата помош.

За среќа, не дошло до поголем инцидент.

22.04.2014 - 10:56
Фото: 
А1.он

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега