Пронајдени телата на над 100 лица од потонатиот јужнокорејски ферибот
Последните официјални податоци на јужнокорејската крајбрежна стража, од потонатиот ферибот досега се пронајдени телата на 104 жртви, а 198 лица и натаму се водат како исчезнати.
Во моментот на несреќата, што се случи минатата среда, на фериботот имало 476 лица, од кои повеќето биле ученици.
Огромниот пловен објект прво се превртил и потоа потонал.
22.04.2014 - 10:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа