Земјотрес со јачина од 4,1 степен ја погоди Албанија

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала доцна синоќа ja погоди Албанија. Земјотресот бил почуствуван и во многу градови во Црна Гора.

Епицентарот на земјотресот бил на албанска територија на околу 16 километри источно од јужниот црногорски град Улцињ, со центар на ударот на длабочина од 10 километри.

Засега нема информации за предизвикани материјални штети во реонот на епицентарот.

22.04.2014 - 10:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега