Непосредно пред смртта Мајкл Џексон се забавувал со две девојки

 

Во книгата „Штитејќи го Мајкл Џексон во неговите последни денови“ објавена од телохранителите на Мајкл Џексон, Дејвид Бирд и Бил Вајтфилд стои дека пејачот тајно се состанувал со две девојки.

Тие тврдат дека честопати Мајкл ги праќал да ја „соберат“ мистериозната жена која ја нарекувал само „пријателка“, како и уште една девојка и откриваат дека за неговите пријателки тој често ги испраќал да купат скапоцени подароци од Тифани.

"Мајкл Џексон имаше девојка од Европа со која постојано се гледаше со неа, и ја бакнуваше и прегрнуваше на задното седиште, додека неговиот шофер ги возеше низ градот", вели Дејвид.

Во книгата телохранителите напишале дека Џексон често ја посетувал убавицата навечер во блискиот хотел Хемтон Ин, во кој таа престојувала но наводно таа не била единствената девојка бидејќи тој се гледал со уште една која ја нарекувал „Цвет“.

 

 

22.04.2014 - 10:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега