ВИДЕО: Жириновски нападна новинарка - Ти си трудна лезбејка! Обезбедување- силувајте ја!!!

 

Основачот на екстремно десничарски ориентирана партија Жириновски почна да се вика по новинарката која му постави незгодно прашање и им нареди на обезбедувачите да ја однесат и да ја силуваат!

Откако новинарката Стела Дубовитскаја одТВ каналот Русија денес на прес-конференција во Москва постави непријатно прашање во врска со руските санкции за Украина, политичарот Владимир Жириновски потполно изгуби компас, рикна , и на неговото обезбедување му нареди " дивјачки да ја силува" .

Овој испад веднаш бил пријавен во Комитетот за етика во Думата, а Русија денес најави тужба за заштита на новинарката.

" Нашиот репортер бил хоспитализиран по нападот. Ние сме подготвени да ги преземеме сите неопходни чекори за Жириновски соодветно да биде казни ", изјавија од RT.

Основачот на Демократската либерална партија , која е екстремната десница со про-путиновска оринетација почна да вика по репортерот и им нареди на неговите обезбедувачи со зборовите: ” Кога ви велам , скокнете на неа и дивјачки силувајте ја "

За да прекине дивјачкиот напад реагирала новинарката од Интерфакс со зборовите до Жириновски: "Што правиш? Каков вид на став е тоа? Ова е срамно ", изјави новинарката која и самата станал жртва на дивјачкото однесување на Жириновски.

" Што се мешате вие? Што правите тука ? Ти си лезбејка, бегај од пред моите очи ", викнал Жириновски , додавајќи дека бремена новинарка нема што да бара на работно место.

" Бремените жени не треба да одат на работа. Нам ни требаат здрави луѓе, вие треба да седите дома и да се грижите за детето ", извикувал тој.

" Излегувај, проклета лезбејка! заклучил Жириновски во неговиот манијакален испад .

На Владимир Жириновски сега се заканува казна и забрана на говор траење од три месеци.

Погледнете го манијакалниот испад на Владимир Жириновски на следниот линк:

21.04.2014 - 20:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега