Иванов на средби со жителите на Лисиче, Ново Лисиче и Аеродром

 

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ Ѓорге Иванов денеска се сретна со жителите на скопските населби Лисиче, Ново Лисиче и Аеродром пред кои ја претстави својата програма.

Тој се заблагодари за поддршката во првиот круг од претседателските избори и повика на масовна излезност на вториот круг, закажан за 27 април.

Претседателот Иванов посочи на еден од клучните столбови во неговата изборна програма, а тоа е градењето на економски силна и развиена Македонија, со цел на граѓаните да им се овозможи економска сигурност.

Жителите од трите населби изразија задоволство од досега реализираните проекти од страна на општина Аеродром и градот Скопје.

За време на посетата на населбата Ново Лисиче, Иванов ја посети и црквата Св. Јован Крстител, што е во изградба. Во оваа прилика, Иванов на жителите на Лисиче, Ново Лисиче и Аеродром им ги честиташе Велигденските празници, посакувајќи им добро здравје и севкупен успех, и повика на единство и сплотеност. 

21.04.2014 - 14:30
Фото: 
МИА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега