Никодим Царкњас: Ме храбри младината која го нема стравот на своите дедовци и татковци

Веќе 11 години, расчинетиот од ГПЦ, а никогаш формално не примен во МПЦ, отец Никодим Царкњас во Соботско, ја гради  првата црква за Македонците Св. Злата Мегленска. Таа како си секој Велигден и овиј беше место на кое за воскресението христово, дојдоа само најхрабрите Македонци. Отец Царкњас, во интервјуто за Прес24, вели дека притисоците најмногу доаѓаат од грчките владици, кои во координација со полицијата вршат потоајна тортура врз оние кои се декларираат како припадници на неговата црква. 

 - Јас сум многу благодарен, бидејќи кога почнувавме беше многу поинаку, многу потешко но, како одминува времето работите се менуваат. Полека, полека, луѓето се враќаат кон корените, кон традицијата. Почнуваат да доаѓаат во Црквата. Многу сум задоволен од македонската младина, која чита и која ја гледа вистината подобро од нивните дедовци и татковци кои се плашат од грчката пропаганда, вели Царкњас за Прес 24.

 На притисоците од грчките власти навикнал, и затоа вели дека многумина се повеќе не се плашат, но она што го загрижува е игноратскиот однос на Македонците во Грција, но и оние од Македонија.

-Во саботата за Велигден дојдоа многу автобуси од Република Македонија, од Прилеп и Битолао овде во селата. Но, за воскресението не дојдоа во нашата македонска црква, туку за воскресението беа во грчките цркви. Тоа се македонски села, ама таму свештеникот служи на грчки. Ме разбирате. Тоа е проблемот. Тие компании, тие туристичкли агенции, што ги носат нашите Македонци од Република Македонија овде во Егејкскио дел, не им велат ајде да ја посетиме македонската црква Св. Злата Меглеска во Соботско, вели Царкњас во интервјуто за Прес24. 

ПРЕС24:  Како Македонците во Грција го одбележа овој Велигден?

О. ЦАРКЊАС: Во саботата ноќта во црквата Света Злата Мегленска го правевме воскресението Христово. Имаше многу наши Македонци. Светата литургија помина убаво и добро. И вчера денот беше убав исполнет со велселба, бидејќи ова е најголемиот христијански празник.  Јас сум многу благодарен, бидејќи кога почнувавме беше многу поинаку, многу потешко но, како одминува времето работите се менуваат. Полека, полека, луѓето се враќаат кон корените, кон традицијата. Почнуваат да доаѓаат во Црквата. Многу сум задоволен од македонската младина, која чита и која ја гледа вистината подобро од нивните дедовци и татковци кои се плашат од грчката пропаганда. Денеска имаме голема надеж дека работите ќе се движат кон подобро. Но, ни треба поголема активност, борба, мирна борба. Со збор, со вистината, за да ги решиме нашите проблеми. 

ПРЕС24:  Доаѓаат ли Македонци во рквата кај вас? Служите ли вие редовно или само за големите празници како што е Велигден?

О. ЦАРКЊАС:  Ние служиме секоја недела во текот на целата година, но посебно за празниците. Црквата функцонира речиси 11 години и затоа ви велам дека сум се повеќе весел и среќен бидејќи времето си го носи своето. Полека полека, се повеќе доаѓаат и ја посетуваат црквата. 

ПРЕС24: Колку слобода имаат Македонците во Грција за да ја практикуваат својата религија во црква како што е Вшатата?

О. ЦАРКЊАС:  За жал тоа се уште не е како што треба, бидејќи грчката национална и на моменти фашистичка црква не го дозволува тоа. Грчките Владици, кои припаѓаат на старата грчка пропаганда не се вистински свештеници. Тие го немаат тоа што треба да го имаат владиците, како на пример што беа Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум. Тие имаат национализам и фанатизам, а не како Св. Климент, Св. Наум кои имаа отворен дух. Затоа големите личности на македонската црква останаа запаметени во историјата. 

ПРЕС24: Имаат ли страв Македонците ако бидат видени дека доаѓаат кај Вас на служби, дали тие се среќаваат со вас?

О. ЦАРКЊАС:  Ви кажав дека грчката пропаганда е многу силна. И затоа им честитам на оние луѓе кои доаѓаат. Тие не се плашат да доаѓаат. Полека полека, доаѓаат. Но, јас верувам дека многу можат да помогнат и оние кои што се претставуваат како Македонци овде, а јас се прашувам колку се вистински Македонци? И вие да ги прашате оние што се акативираат овде, колку пати ја имаат псоетено црквата Св. Залата Мегленска. Тоа прашање да му го поставите на Павле и на Шљаков и на Парисис. И на другите што се активираат. Колку пати ја имаат посетено црквата Св. Злата Меглеска.

ПРЕС24:  Ви прави ли Грчката држава проблем со изградбата на црквата и со тоа што вие служите таму?

О. ЦАРКЊАС:  Тоа најмногу го прават грчките владици. И грчката Влада со полицијата. Не го прават толку јавно, но потајно со притисок.  Знамеме дека доаѓаат возила со непзонати луѓе, запишуваат и евидентираат кој доаѓа и влегува во црквата, но ние од тие не траба да се плашиме. Да ви кажам нешто. Во саботата за Велигден дојдоа многу автобуси од Република Македонија, од Прилеп и Битолао овде во селата. Но, за воскресението не дојдоа во нашата македонска црква, туку за воскресението беа во грчките цркви. Тоа се македонски села, ама таму свештеникот служи на грчки. Ме разбирате. Тоа е проблемот. Тие компании, тие туристичкли агенции, што ги носат нашите Македонци од Република Македонија овде во Егејкскио дел, не им велат ајде да ја посетиме македонската црква Св. Злата Меглеска во Соботско. 

ПРЕС24:  Зошто?

О. ЦАРКЊАС:  Е зошто? Затоа вие медиумите треба да ги прашате. Тоа прашање да му го поставите на оние кои имаат туристички агенции. Колку се патриоти? Грците секогаш со пропаганда си ја пропагираат својата црква. Прават голема пропаганда за нивните цркви и манастири. Зошто егејците во Република Македонија тоа не го прават за нашата црква овде? Многу работи ни недостасуваат. Колку оние што прават бизнис со туристички агенции во ова гледаат само бизнис, а не ги гледаат како далечна патриотска визија. 

ПРЕС24:  Неодамна сте имале една средба со Игор Алекснадров од Аватралија. Се појави една идеја за Ваша хиротонија од страна на претставници на некои православни цркви како самуправна  Македонска православна црква во Грција. Колку тоа може да се реализира?

 

О. ЦАРКЊАС:  Тоа требаше да го направи МПЦ. Но ништо од тоа. Јас да бидам отворен и да ви кажам дека не сум воопшто задоволен од МПЦ кон мене, кон тоа што јас го правам овде за Македонците. МПЦ е затворена црква само внатре во границте на Р. Македонија. Нејзе не ја интересираат Македонците во Егејскиот и Пиринскиот дел. Нејзе ја интересираат само црквите што ги изградија нашите егејци во Австралија и Канада, но поради други интреси. Треба МПЦ малку да биде отворена.

21.04.2014 - 14:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа