Трагедија: Сестричка го усмрти двегодишното братче
Голема трагедија ја потресе Америка. Сестрична несакајќи го застрела двегодишното братче.
Според полицискиот извештај девојчето ја нашла пушката на таткото во домот и ја вперила кон братчето. Куршумот го погодило детето во стомакот, кое веднаш било пренесено во болница, но за жал, лекарите не успеале да го спасат.
Кога девојчето ја земало пушката таа не била наполнета. Како на детенцето му пошло од рака да го премести патронот од магацинот во цевката останува нејасно.
21.04.2014 - 13:30
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа