Нема да верувате како „летал" овој тинејџер од една до друга држава

 

Едно 16-годишно момче преживеа петчасовен лет од Калифорнија до Хаваите, сокриено во делот каде што се наоѓаат авионските тркала.

Претставник на авиокомпанијата „Хаваијан Ерлајнс“ изјави дека екипажот дознал за „слепиот патник“ дури откако авионот слетал во Хонолулу.

Лекарите утврдиле дека момчето се наоѓа во „стабилна состојба“, иако авионот летал на височиа од 12.000 метри и во услови на екстремно ниски температури. Лекарите веруваат дека најголем дел од петчасовниот лет, тинејџерот, чиј идентитет не е соопштен, бил без свест.

Во текот на сослушувањето тој на полицијците им рекол дека побегнал од дома и влетал во првиот авион што во тој момент полетувал од аеродромот во Сан Хозе, без да знае каде оди.

Претставник на ФБИ изјави дека е „вистнско чудо како момчето го преживеало летот“ патувајќи во тој дел од авионот.

Кога авионот слетал на Хаваите, момчето вешто скокнало од авионот и до откривањето се криело на аеродромската писта.

Од 1947 година, од кога се бележат ваквите инциденти во авионскиот сообраќај, само во САД се регистрирани околу 100 „слепи патници“ кои патувале сокриени во делот кај тркалата на авионите. Само 23 од нив успеале да го преживеат летот. 

21.04.2014 - 12:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега