Младо момче заврши во болница - крвава драма во Тетово

Вистинска крвава драма се одвивала синоќа во Тетово. Околу 21 часот и 25 минути во Клиничкиот Центар во Тетово бил примен 19-годишниот Ц.В. со повреди во пределот на вратот.

Според податоците од полицијата, инцидентот се случил во интернет кафето „Бени“, додека повредениот седел внатре, при што без повод и причина  20-годишниот Л.К. станал и со нож во пределот на вратот го расекол, по што бил пренесен во болница од страна на присутните. Набрзо насилникот бил пронајден и приведен.

За среќа, повреденото момче е надвор од животна опасност.

21.04.2014 - 12:21
Фото: 
Канал5

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега