Силна бура ја попречува потрагата по малезискиот авион

 

Тропска бура ја попречува потрагата по малезискиот патнички авион, што исчезна на 8 март со 239 патници.

Бурата „Џек“, проследена со поројни дождови и удари од гром, се движи низ јужниот дел на Индискиот Океан, вклучително и во реонот во кој се трага по авионот, на околу 1.750 километри западно од австралискиот град Перт. Подводниот робот „Блуфин-21“ кој трага по остатоците на авионот на дното од Океанот е речиси при крај со својата мисија, но досега не пронајде ништо, а црните кутии имаат батерии кои можат да издржат околу еден месец, па се претпоставуваа дека тие веќе се испразнети и нема можност овие уреди да емитуваат нови сигнали.

Покрај роботот во потрагата се вклучени и 10 авиони и 11 бродови.

21.04.2014 - 11:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега