Волк нападна двегодишно детенце во Зоолошка

Волкот од Зоолошката градина во Белград нападна двегодишно девојченце кое дошло да ужива и да ги види животните.

Волкот бил шетан од волонтерка во зоолошката и во еден момент ненадејно се отргнал и скокнал од зад грб на девојчето. Како што јавува српскиот Телеграф, девојчето со повреди било веднаш прнесено во болница, а за среќа е надвор од животна опасност.

Волкот кој го нападнал девојчето е стар пет месеци, а веднаш бил вратен во кафез.

21.04.2014 - 10:28
Фото: 
Дневник

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега