Груевски: Ќе се поврзат сите велосипедски патеки низ скопските општини

 

Имаме големи планови за наредните четири години кои се вклучени во програмта Проверено, истакна вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ од говорницата во општина Аеродором, како што се целосна реконструкција на Железничката станица во Скопје, изградбата на комплексот клиники „Мајка Тереза“, поврзување на велосипедските патеки низ сите скопски општини и намалување на цените на роаминг услугите во мобилната телефонија.

-Освен што ќе бидеме силно како и досега најмногу фокусирани на отворањето нови работни места, а предвидуваме за 4 години најмалку 64.000 нови работни места и минимум 30 нови фабрики во технолошко-индустриските развојни зони со најмалку 10.000 вработени во нив, така предвидуваме и пензиите на пензионерите, социјалната помош, како и платите во јавната и државна админситрација секоја година да растат по 5% и за само четири години д апораснат за 21,5 отсто. Покажавме дека можеме и тоа е најсилна наша гаранција за ова ветување, изјави Груевски од говорницата во општина  Аеродором.

Ветуваме исто така изградба на нов најсовремен Клинички центар, односно комплекс клиники „Макја Тереза“ во Скопје, во склоб на сегашниот Клинички центар, инвестиција вредна 70 милиони евра за најкапиталниот здравствен објект во Македонија

Во него, како што наласи, ќе бидат сместени најмалку 25 клиники, кои се наоѓаат во склоп на Клиничкиот центар и ќе имаат најсовремени услови за грижа и тертман на пацинетите.

Груевски истакна дека постапката за иградба на комплексот клиники е веќе започанта и дека се очекува ова лето да се започне изградбата на „Мајка Тереза“.

-Очекуваме исто така ова лето да заврши изградбата на детската болница во Козле, која неодамна ја посетив и е во финална фаза, а се предвидува и темелна реконструкција на ГОБ „* Септември“ , но и на старта Градска болница „Св.Наум“, а наскоро ќе заврши и реконструкцијата на поликлиниката „Букурешт“ , која што 30-40 години откако е отворена немала реконструкција, посочи Груевски.

Нагласи дека во програмата е предвидена и изградба на втората фаза од Жицарницата, од црквата „Св. Јован“ до Средно Водно, со што како што рече, целосно ќе се заокружи овој проекти и ќе му даде посебен дух и обележје на Водно.

-Ветуваме целосна рехабилитација и надгардба на Железничката станица во Скопје, вклучувајќи и подобрување на пристапноста на патниците, имајќи ги во предвид и патниците со посебни потреби, како и подобрување на сигурноста и безбедноста на преку модернизација на системите за сигнализација и информирање, истакна Груевски.

Се предвидува, нагласи тој, и разработка и спороведување на студија и проект за функционална поврзаност на велосипедските патеки во градот Скопје и сите скопски општини.

-Ќе доделиме специјализации во повеќе земји, во понапредни медицински центри во најмалку 70 лекари – специјализанти од повеќе области на медицината, со цел уште повеќе да се подигне стручноста на нашите доктори, а тоа ќе доведе до крајна линија и до подобри услови за сите пациенти во Македонија, рече премиерот.

Од следната година, нагласи, наместо по 500 се предвидува  најмалку 1.000 лекари и друг медицински персона од Мекдонија да заминат на обуки во многу понапредни медицински центри во Америка, Европа и Азија, со цел да се стекнат со нови вештини и нови методи на лечење.

Груевски потенцираше дека во здравството се предвидува и воведување на телефонски „кол центар“ , проект наречен „Ало докторе“ за советодавни услуги и упатства за кои не е потребен итен медициснки тертман.

-Затоа ќе биде формирана посебна служба, со посебни лекари и тие ќе се занимаваат само со тоа, истакна Груевски.

Тој истака дека се предвидува и намалување на цените на роаминг услугите во мобилната телефонија, кои ќе ги плаќаат лицата кои патуваат во стрнаство, како и зголемување на бројот на електронски јавни услови, кои ќе ги нудат државните институции со висок степен на софистицираност.

 

 

21.04.2014 - 00:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега