Ескплицитни фотки од малолетни девојки од Македонија осамнаа на Facebook

Администраторите на една фан страна на Facebook за само два дена објавија стотина експлицитни фотографии на малолетнички од целиот регион. Најголем дел од девојчињата се од Србија, БиХ и Хрватска, но има и девојчиња од Македонија. Групата за само два дена собра 40.000 лајкови а по бројните пријави, Facebook ја затвори.
Сепак, администраторите не се откажуваат, бидејќи до сега, без број пати ја отвараат слична група и на неа ставаат експлицитни фотографии.
Девојчињата најчесто се сликаат доброволно, но има и фотографии кои се украдени но и такви кои си ги поставиле на сопствените Facebook профили.
Администраторите велат дека располагаат со огромна архива со оглед на тоа дека оние кои се зачленуваат во групите им испраќаат фотки од цела поранешна Југославија.

20.04.2014 - 23:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега