Јанкулоска: Да веруваме во вредностите кои не водат низ животот

Носителот на листата за Изборната единица 2, на коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО - ДПМНЕ, Гордана Јанкулоска денеска имаше средби со граѓаните во скопската општина Ѓорче Петров, а ја посети црквата „Св.Петар и Павле“.

Таа на сите христијани им го честита најголемиот празник Велигден - Христовото воскресение и им посака на сите луѓе мир и благосостојба во семејствата, добро здравје и многу радост.

- Денеска сме со граѓаните на Ѓорче Петров да си посакаме да веруваме во вредностите кои не водат низ животот, да си посакаме успеси, среќа, благосостојба помеѓу сите. Унијата на жените се погрижи да го разубавите овој празничен ден, да се дружиме и да го прославиме овој ден како што доликува да се прославуваат големите христијански празници, изјави Јанкулоска, за време на посетата на црквата „Св.Петар и Павле“.

20.04.2014 - 15:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега