Шокантно- се разбудила со силиконски гради на грбот и стомакот

Тјан Хуи од Кина уште во 2012 година вградила силиконски импланти на градите за да ја подигне својата самодоверба, откако дознала дека допругот ја изневерува со друга жена. Меѓутоа  еден ден кога Тјан станала од спиење забележала нешто необично, нејзините импланти и се поместиле на грбот и стомакот.

Поради тоа хирурзите морале итно да интервенираат и да ги заменат имплантите. Исто така откриле дека нејзините предходни импланти биле направени од  материјал кој е забранет за употреба.

Тјан открила дека имплантите и се лизгале по телото веќе неколку дена, а таа се обидувала да ги врати назад на свое место. Но во еден момент кога имплантите и дошле во стомакот таа се исплашила и побарала медицинска помош.

- Секогаш мислев дека јас и мојот сопруг имаме прекрасен брак, се додека не дознав дека тој ме изневерува со жена шест години помлада од мене. Истата година отидов на клиника и решив да ги зголемам градите за да добијам поголема самодоверба. Веќе десет години по операцијата почнав да имам компликации.  Имплантите почнаа да се поместуваат од ден во ден, а мене ми беше многу срам, па постојано ги враќав назад. Еден ден кога станав силиконите сосема ми беа поместени, се исплашив зошто многу ме болеа- вели Тјан.

20.04.2014 - 14:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега