Заборавена првата дама на СФРЈ- Никој не дојде на поменот на Јованка Броз

Неодамна беа одбележани шест месеци од смртта на првата дама на некогашна Југославија. Со полагање цвеќе на гробот на Јованка Броз во Куќата на цвеќето, нејзината сестра Нада Будисављевиќ и Жарко Јокановиќ ја одбележаа смртта на Јованка.

Нејзината сестра Нада тивко, во солзи, положи цвеќе на гробот на својата сестра.

„Нема да правиме помен. Ќе положиме само цвеќе. Не сме во можност да направиме нешто повеќе, поради здравствените проблеми на другата сестра“, изјавила Нада Будисављевиќ.
80- годишната Зора е другата сестра на Јованка. Таа неодамна доживеала мозочен удар, а неколку дена подоцна нејзиниот сопруг доживеал инфаркт, па нивниот син Горан и сестрата Нада сега главно се грижат за нив.
Во Куќата на цвеќето, во моментот на полагање на цвеќето денеска се затекнале бројни странски туристи, но освен сестрата на Јованка и Жарко Јокановиќ, никој друг не дошол да одбележи шест месеци од смртта на Јованка.
Јованка Броз почина на 20. октомври 2013. во Белград, во 89. година од животот.

20.04.2014 - 13:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа