Скопјанец нема повеќе да краде - еве што се случило

СВР-Скопје до надлежното Основно Јавно обвинителство со кривична пријава го предаде лицето Р.Ш.(23) од Скопје, поради основано сомнение дека извршил кривично дело „тешка кражба“ во куќа за што од страна на судија во претходна постапка  му е одредена мерка притвор во траење од   30  дена.

Кривичното дело пријавениот го извршил на 31. јануари годинава на подрачје на Полициската станица-Ѓорче Петров во вечерните часови кога од задниот дел од куќата, се качил на оградениот ѕид од дворот, потоа на мини кровот од куќата и со употреба на погоден предмет го скршил стаклото од  прозорецот на купатилото и влегол во куќата. 

 

По направеното пребарување и претурање од куќата, соопшти денеска МВР, одзел лап- топ компјутер,  куфер  во која имало 10.000 евра, разен златен накит од жолто и  бело злато, кутии со накит од Сваровски, куферче со слики, машки рачни часовници разни марки, ловна пушка марка „Лион Џ35 Азур, еден ловен карабин марка „ЦЏП970“, еден пиштол марка „Берета„ 9мм и еден пиштол марка „Црвена застава„ кал.7.62 кои оштетениот ги поседувал со дозвола. По  извршувањето на кривичното дело Р.Ш. преку прозорот од приземјето го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 1.845.000 денари.

 

Од страна на полицајци од ПС „Ѓорче Петров“ во непосредна близина на куќата  пронајдени се дел од  украдените предмети, фантомка црна боја во која имало кутии за накит и дел од украдениот накит, еден машки каиш , пет машки рачни часовници, додека од страна на малолетно лице на наведениот датум додека се движел пеш накај село Кондово во близина на пругата пронашол и еден лап топ марка „Ацер“ за кој веднаш го известил неговиот татко кој откако го приклучиле и пронашле фотографии од  оштетениот,му го вратиле. По извршеното препознавање на пронајдените предмети од страна на оштетените со потврда им се вратени на  сопствениците.

 

Врз основа на издадена наредба од судија на предходна постапка извршен е  претрес во дом и други простории кај пријавениот Р.Ш., при што од извршениот претрес пронајдени се разни марки рачни часовници и пари за кои дополнително ќе се вршат проверки дали потекнуват од други кривични дела.

Пријавениот негирал извршување на кривичното дело и не сакал да појасни каде се однесени украдените предмети. Инаку, Р.Ш. е регистриран сторител на кривични дела и на него му се поднесени три кривични пријави две од областа на имотните деликти  и едно од областа на кривични дела против јавниот ред.

20.04.2014 - 13:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега