Несреќа среде Велигден: Гори половина зграда во Нови Сад - евакуирани 8 луѓе

Несреќен Велигден за жителите на една зграда во Нови Сад, Србија. Како што јавуваат локалните медиуми, утрово после 10 часот во еден од становите избил пожар кој веднаш се проширил и на целиот спрат. Покрај четвртиот, елосно изгорен е и петтиот спрат, а пожарникарите се борат со огнената стихија повеќе од 2 часа. За среќа, нема жртви, бидјеќи пожарникарите веднаш евакуирале 8 луѓе од зградата меѓу кои имао и 3 деца. На сите им е укажана лекарска помош и се чувствуваат добро.

20.04.2014 - 12:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега