ВИДЕО: Неверојатно- човек со „моќи“ на Спајдермен

Патрик Прибе еод Германија е вљубеник во ласерското оружје, направил прв „испукувач на мрежа“, инспириран од Спајдермен.

Тој повеќепати пробувал да направи реални верзии на оружјето на суперхеројот, направил уред кој се става на зглобот на раката и испукува некој вид течна „мрежа“.

Уредот има три копчиња - за полнење, да ја насочи целта и испукување, а се придвижува само на една литиум-полимерска батерија.

Прибе, кој работи како лабораториски техничар вели дека ваквите уреди ги прави од забава.

- Сакам научна фантастика и некогаш не ми е доволно да ги гледам ваквите уреди само на екран, вели тој.

Прибе, меѓутоа, вели дека не планира прави пари со својот изум. 

20.04.2014 - 12:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега