Седумгодишно детенце се бори за живот - детска игра се претвори во трагедија

Во текот на вчерашниот ден околу два часот седумгодишниот Престон Флорес од Флорида дотрчал до своите родители во пламен, викајќи на целиот глас. Како што пишува Дејли Меил, малото момченце претходно си играло со своите другарчиња на улицата пред неговата куќа, а едното од нив имало запалка со себе.

Кога притрчало дома, неговата облека била натопена со бензин, а тој горел! Родителите за среќа успеале да спречат трагедија, и да го изгаснат оганот со кофи вода. За жал, додека да дојдат пожарникарите кои веднаш биле повикани од страна на соседите-сведоци на настанот, детенцето се здобило со 80 отсто изгореници по телото. Момченцето било итно пренесено во болница и оперирано, но за жал сега се бори за живот и не се знае како ќе се одвива состојбата.

Полицијата испитува како дошло до тоа да се запали момчето.

20.04.2014 - 11:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега