Мистериозна светлина над небото над Русија

Жителите на рускиот полуостров Кола биле сведоци на пад на неидентификуван објект, сличен на познатиот метеор кој паднал во Чељабинск.

Падот на огнената топка бил забележан синоќа околу 2часот и 10 минути и бил снимен со камера која била инсталирана во еден автомобил, а луѓето кои биле надвор можеле јасно да го забележат објектот кој паѓа на земјата.

Меѓутоа, немало никаков звук кој обично оди со метеорите.
Локалните власти изјавиле дека природата на снимениот објект се уште не е позната.

 

20.04.2014 - 12:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега