Осум загинати во пад на мал авион

Доцна синоќа на северот на Мексико се урна мал деловен авион од типот „Хукер 800“, при што загинале сите осум луѓе кои се наоѓале во него, соопшти денеска владата на мексиканската сојузна држава Коауила.

Авионот се урнал на индустрискиот посед во општината Рамос Ариспе, се наведува во соопштението на канцеларијата на државниот обвинител на Коауила.

Во тек е истрага за причините за падот на авионот.

20.04.2014 - 10:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа