Четири знаци кои кажуваат дека неодамна сте имале секс!

Жените кои често доживуваат вагинален оргазам при одот ги нишаат колковите, повеќе “се фрцкаат” и нивниот чекор е полесен, тврдат истражувачите.

 

Иво Андриќ напишал дека три работи не можат да се сокријат: сиромаштијата, кашлањето и љубовта. Меѓутоа, научниците велат дека тоа не е се’. Постојат знаци кои кажуваат дека неодамна сме доживеале оргазам.

Румени образи
Сексот го забрзува крвотокот и поради тоа после водењето на љубов сме црвени во лицето. Некои повеќе, некои помалку, но сите имаме таканаречен „блескав изглед“.

Среќа и радост
Чувството на задоволство и некакво чудно заразно расположение кое ги опфаќа луѓето после сексот се последица на засиленото лачење на хормонот на среќа. Ендорфинот прави да се чувствуваме како ништо да не може да ни го расипе денот.

Материјални докази
Она што секако треба да го сокриете се изгужваната облека, размачканата шминка, отпечатоците од кармин каде што не им е местото, или некоја друга „чудна дамка“. Добро проверете какви излегувате од дома, или каде и да сте воделе љубов!

Од по облаците
Оргазмот кај жените влијае и на нивниот од, верувале или не! Жените кои често доживуваат вагинален оргазам при одот ги нишаат колковите, повеќе „се фрцкаат” и нивниот чекор е полесен, тврдат истражувачите.

Извор: Точка

20.04.2014 - 10:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега