Мртви тела пливаат во потонатиот јужнокорејски траект
По тридневна борба со силната струја и немирното море нуркачите конечно успеаја да влезат во внатрешноста на потонатиот јужнокорејски траект.
-Нуркачите низ прозор забележале три мртви тела во внатрешноста , изјави заменик директорот на крајбрежната полиција Џои Санг Хван и додава дека нуркачите пробале да го скршат стаклото и да влезат во потонатиот траект , но било претешко, дополни на средбата со роднините на исчезнатите патници , заменик директорот на крајбрежната полиција.
Во моментов околу 500 нуркачи и цивилни доброволци работат на местото на несреќата . Истражителот од крајбрежната полиција изјави дека околу потонатиот траект ќе биде поставена мрежа за да се спречи силната морска струја да ги оддалечи мртвите тела далеку од бродот.
Тој воедно изрази надеж дека во просториите каде има воздух можеби се уште има преживеани патници.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа