ВИДЕО: Од улица, па на „Олд Трафорд“, син на проститутка во Јунајтед

Рајиб Рој не можеше да замисли дека животот ќе му се промени, тој доби повик да замине на проба во Манчестер Јунајтед.

Ова 16-годишно индиско момче својот тежок уличен живот во Колката ќе го замени со „Театарот на соништата“, односно со „Олд Трафорд“.

На ова момче не му е лесно, бидејќи своето детство практично го помина во бордел, со оглед на тоа дека неговата мајка е проститутка. Сонгачи, местото каде што живее е дом на 12.000 девојки или жени кои се занимаваат со проституција. Откако останатите деца го малтретирале поради неговата состојба во која израснал, неговата мајка го запишала во посебно училиште во кое одат деца со ист таков случај.

Рајиб доби животна можност да замине од тешкото опкружување.

-Луѓето ме прашуваат како е да се биде син на таква мајка. Не знам што да им одговорам. Но, кога тренерот ми рече дека Манчестер Јунајтед мене ме одбрал, тоа беше навистина одлично признание, изјави младиот Индиец.

Тој на 25-ти април ќе замине на десетдневна проба во фудбалската академија на Манчестер Јунајтед.

20.04.2014 - 00:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега