Убиен почесниот конзул на Чеченија
Синоќа во Анкара беше убиен почесниот конзул на Чеченија Медет Јунлју. Извештаите покажуваат дека познатиот бизнисмен бил застрелан неколку пати по што загинал на лице место. Убиството било извршено синоќа во 19:30 часот во анкарскиот кварт Чанкаја. Полицијата презела истрага за случајот. Според неговите најблиски, убиството веројатно е извршено по наредба на актуелниот чеченски претседател Рамзан Кадиров, откако тој минатиот месец дал изјава во врска со нападите во Бостон.