ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Поплави и се закануваат на Македонија - се излејаа неколку реки

Реката Пчиња се излеа на потегот кај кумановско Пелинце и го загрози лискиот ресторан, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување. Од таму велат дека на тернот се распоредени 1000 вреќи со песок, за да се превенира уништување на имотите на граѓаните.
Исто така се излеа и реката Кумановска кај местото Средорек каде исто така се распоредени 1000 вреќи со песок.
Поплави има и во Кочанско кои прават проблеми кај оризовите полиња но кучите не се загрозени.

Сите подрачни одделенија на Дирекцијата за заштита и спасување во загрозените региони ги следат состојбите со водотеците и се подготвени да интервенираат и помогнат. 

19.04.2014 - 21:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега