Со готви нова цена на бензините

Се готви нова цена на бензините. Регулаторната комисија за енергетика, поради неработниот понеделник најверојатно во вторник ќе ги објави новите малопродажни цени на нафтените деривати во Македонија. Дали ќе возиме поскап или поевтин бензин ќе се знае по нивната одлука.

Цената на суровата нафта минатата недеа растеше и покрај растот на залихи во Америка. На растот на цената и понатака значително влијание има ситуацијата во Украина но и подобрите од очекувани резултати на економскиот раст во Кина која е втор по ред после САД потрошувач на нафта

Со последнта одлука од 7 април Регулатората комисија за енергетика не изврши корекција на ценита на ЕУРОСУПЕР и ЕУРОДИЗЕЛ.
Така во моментов, ЕУРОПСУПЕР од 95 октани се точи за 78 денари по литар а цената на литар ЕУРОСУПЕР од 98 октани е 79,5 денари.
Дизелот се точи по цена од 66 денари за литар.

 

 

 

19.04.2014 - 21:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега