Трагедија. Го застрелал татко му па се самоубил

40 годишен маж со ловечка пушка го застрелал својот тато па сам си пресудил. Трагедијата се случила денеска во во близина на Пожаревац, Србија. Како што пишуваат локалните медиуми, синот по кратка расправија го застрелал татка пред вратата од семејната куќа. Потоа влегол во спалната и се застрелал во пределот на стомакот. Соседите веднаш повикале полиција, но кога полицјаците дошле на местото, пронашле само две мртви тела.

19.04.2014 - 18:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега