Островот на змии во Преспа: Стоногалка излегува од утробата на змија
Минатата година Љиљана Томовиќ, српски научник, откри неверојатна глетка на островот Голем Град во Преспа, кој е познат како „Змиски остров“ поради големиот број змии, желки и влекачи кои таму живејат, пренесуваат српските медиуми.
Видела глава на стоногалка и тело на змија, кои изгледале како некое митско чудовиште, но набрзо сфатила за што се работи и останала во шок.
Змијата проголтала цела стоногалка додека се уште била жива. Стоногалката, во борба за сопствениот живот, почнала да ја јаде змијата одвнатре, како би се пробила на слобода.
Од внатрешноста на змијата не останало речиси ништо – само кожа и малку мускул. Но набрзо откако стоногалката ја пробила главата низ стомакот на змијата, и самата угинала од змискиот отров.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа