Голема полициска акција во Скопје и Куманово - уапсени кумановчани кои празнеле кредитни картички

 

Вчера вечерта биле уапсени 8 членови на кумановска група која се занимавала со крадење на податоци и празнење на електронски картички, објавува Канал 5. Акцијата на МВР, пренесува телевизијата, се одвивала во Скопје и во Куманово.

 

Уапсените се осомничени дека краделе податоци од електронски картички, а потоа ги злоупотребувале, празнејќи ги картичките. Според досегашните информации, кумановската група празнела картички на македонски и странски државјани.

Сеуште не е позната сумата на пари која кумановчаните успеале да ја “заработат“ празнејќи картички.

Извор: Канал 5

 

најчитано сега