Шешељ како сведок на одбраната во процесот против Караџиќ

Воислав Шешељ, лидерот на Српската радикална партија кому Хашкиот трибунал му суди за воени злосторства во поранешна Југославија, ќе се појави како сведок на одбраната на поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ.

Шешељ ќе сведочи во јуни.

На Караџиќ му се суди за геноцид, злосторства против човештвото и за воени злосторства. 

На Шешељ му се суди за воени злосторства, извршени во Хрватска, Босна и Херцеговина и Војводина. 

најчитано сега