Иванов ќе зборува за спортски бон-тон
Денеска, македонскиот претседател Ѓорге Иванов, како покровител на проектот „Социјална и етничка интеграција преку спортот (Спортски Бон-Тон)“, ќе се обрати на свечената церемонија по повод потпишувањето Меморандум за соработка помеѓу носителот на проектот, Здружението за развојни иницијативи - Геостратешки институт „Глобал“ – Скопје и градоначалниците на општините вклучени во неговата реализација. Дел од проектот се општините Валандово, Кавадарци, Росоман, Аеродром, Дебар, Центар Жупа и Теарце.
Целта на проектот „Социјална и етничка интеграција преку спортот (Спортски Бон-Тон)“ е промовирање на спортот како општествена активност преку која со игра, забава и дружење на децата и младите од различна етничка припадност се зацрврстуваат меѓуетничките односи во Република Македонија.