Мажи внимавајте- неколку потези кои го убиваат женското либидо

 

Иако почесто се зборува за тоа што е тоа што им пречи на мажите кај жените, ред е да се посвети внимание и на нештата кои го убиваат женското расположение кога е сексот во прашање.

 

 

Прескокнување на предиграта – Мажите би требало да сфатат дека предиграта за жените е некогаш поважна и од самиот сексуален чин. Додека вас ви се брза, жените би сакале малку повеќе да се галат и тука нормално настанува проблем.

Прашувате за да имате секс – Оставете ја спонтаноста да влезе во вашиот однос. Договорениот и најавениот секс е во ред кога се досадувате на работа па потоа се договарате како ќе се расположите кога ќе се вратите дома, но навалувањето и ваквите прашања се убиствени за женското либидо.

Се жалите – Откако ќе ве одбие, почнувате да се жалите дека и минатата вечер не сте имале секс, што за една жена е уште еден посигурен знак дека повеќе не им е до секс.

Мислите само на себе – И токму кога таа е одлично расположена и имате одличен секс и сте блиску до големиот О, вие одеднаш се вртите на страна и заспивате.

Лежење врз партнерката премногу долго време – Тешко е да се ужива во сексот кога на телото на девојката буквално како да има сраснато машко тело. Тогаш жените најпрво размислуваат како да дишат.

Испуштање на гасови – Неважно дали се случува пред, во текот или после сексот, самиот звук апсолутно го уништува женското либидо.

Одење во тоалет за време на секс – И жените трпат многу нешта и веројатно не е лесно секогаш да се стрпите, но и не е баш најзабавно кога сред сексуалното задоволство со трчање одите до тоалет.

Извор: Супермен

19.04.2014 - 14:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега