ВИДЕО: Оваа девојка болна од Даунов Синдром е доказ дека со упорност може се да се постигне во животот
35- годишната Силвија Кригер боледува од Даунов синдром, но тоа не ја спречи да стане шампионка во кревање тегови во нормална конкуренција, да отвори ресторанче за брза храна и истовремено да го менаџира.
Оваа девојка живее со родителите и петте браќа и сестри и за неа зборот „хендикепиран“ не постои.
Германката Силвија посетувала обично училиште, а потоа завршила трговско училиште со практична обука.
Иако таа постојано успешно се едуцирала, сепак имала проблеми за да си најде работа. Но и ова не ја спречило Силвија да биде упорна и полна со надеж.
Нејзината мајка се сетила дека од старата дрвена барака до зградата во која живееле може да направат мало ресторанче за брза храна.
Идејата успешно им се реализирала. Сега Силвија сама го води ресторанчето, кое од ден на ден е се попосетено.
Во слободно време, Силвија крева тегови и има шампионска титула во својата земја.
Таа е доказ дека со упорност и надеж може се да се постигне во животот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа