Ставрески: Ќе се зголемат кредитите за самовработување

 

Носителот на изборната листа во четврата Изборна единица на Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ставрески при денесшните средби со граѓаните на Струмца најави дека ќе се зголемат износите на кредитите за самовработување.

- ВМРО-ДПМНЕ постојано ги охрабрува младите кои сакаат да започнат сопствен бизнис да го направат тоа, при што им помагаме во тој процес, бидејќи не е доволно само да се има добра идеја, туку се потребни и финасиски  средства и поддршка, изјави Ставрески.

Во изминатиот период, посочи, се обезбеди поддршка од по 3.000 евра  за започнување на сопствен бизнис во вид на грант или, пак, 5.000 евра преку кредити за самовработување.

- Во следниот период кредитите за самовработување ќе бидат зголемени за сите лица  кои имаат до 29 години и сакаат да започнат сопствен бизнис на 7.000 евра по лице за тој што го почнува бизнисот, а ако вработи дополнително до четири лица за сите четири лица ќе добие по 4.000 евра или вкупно 23.000 евра за фирма која ќе ја основа лице со четири вработени, појасни Ставрески.

Овие мерки, нагласи, и мерките за ослободување на фирмите од плаќање на придонеси за вработување на лице до 29 години значително ќе придонесат за намалување на бројот на невработени млади лица во Македонија.

19.04.2014 - 13:51
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега