Социјалните семејства ќе добијат бесплатни дигитални ресивери
Денеска во Домот за хуманитарни организации „Даре Џамбаз“ ќе им бидат доделени дигитални ресивери на корисниците на социјална парична помош. Со овие ресивери тие ќе можат да ја следат телевизиската програма по укинувањето на аналогниот сигнал.
На настанот ќе присуствуваат министрите за труд и социјална политика и за информатичко општество и администрација, Спиро Ристовски и Иво Ивановски, како и извршниот директор на Македонската Радио Телевизија, Марјан Цветковски.
Од 1 јуни во Македонија стартува дигитализацијата која на граѓаните треба да им понуди кристално чиста слика, беспрекорен звук и нови интерактивни услуги.