Замена на улогите- Мажот се почесто седи дома а жената на работа
Денес сè почесто среќаваме семејства во кои традиционалните улоги на сопружниците потполно се промениле. Жената заработува пари, додека мажот се грижи за домашните обврски и децата.
Во општеството одамна е прифатено дека жената откако ќе го роди првото дете останува дома и се грижи за децата и домашните обврски. Меѓутоа, во последно време овие улоги се променија, па имаме многу жени кои имаат изградена кариера и финансиски го одржуваат семејството, додека мажите се грижат за домашните обврски и децата.
Денес, кога жените имаат поголема можност отколку порано да се пробијат и да изградат своја кариера, тие стануваат главниот извор на финансии во некои семејства. И додека тие се соочуваат со проблеми на работа, нивните мажи ги завршуваат домашните обврски.
Како што се жените познати по успешно извршување на повеќе работи одеднаш, тие често значително подобро умеат да ги распоредат финансиите и на неверојатен начин успеваат да ја урамнотежат кариерата со приватниот живот.
Од друга страна, мажот кој прифаќа да биде дома и кој сака да и даде прилика на својата жена да го оствари својот сон за кариера е знак дека конечно дојде време на вистинската полова рамноправност.
Вработените парови кои имаат мали деца мора од својот буџет да одвојуваат пари за да плаќаат градинка или дадилка. Од таа страна, останувањето на еден родител дома претставува заштеда на пари и дополнителна сигурност, бидејќи никој не може да го чува вашето дете подобро од вас самите.
Од друга страна, кога традиционалните улоги на паровите ќе се заменат, сопружниците почнуваат многу повеќе да се почитуваат еден со друг. Всушност, тогаш и жената и мажот се наоѓаат во улога на оној другиот и тогаш сфаќаат колку е голема одговорност, без разлика дали треба да направат пари или да се грижат за куќата и децата.
Извор: Портал
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа