ФОТО: Ова е новиот наследник на легендарниот автомобил „Југо“
Култниот автомобил кој ги одбележа 80-те и 90-те години, „Југо“, отсега ќе се нарекува „Зуго“.
Дизајнот на овој автомобил го осмислил младиот белградски дизајнер Милош Париповиќ. Интересно е како му го дал името.
Идејата за новиот автомобил дошла оттаму кога момчето сакало на својата тастатура да го истипка зборот „југо“, па наместо буквата „Ј“ ја кликнал буквата „З“ и сфатил дека го добил името на наследникот на автомобилот.
Милош со овој проект учествувал на дизајнерскиот конкурс „Ауто конференција“ во Загреб каде имал задача да осмисли наследник на автомобилот кој потекнува од државата во транзиција. Тој го освоил петото место со својот дизајн но „Зуго“ станал сензација на интернет.
Својот автомобил тој го дизајнирал според виц. На задниот вградил грејачи за да не им се смрзнуваат рацете на оние кои ќе го туркаат „Зугото“. Оние што ќе туркаат ќе откријат вградени сензори на автомобилот, а со цел полесно да се турка, „Зугото“ е направено од лесни компоизтни материјали. Моторот ќе се гаси на семафор. На многумина оваа функција ќе им биде јасна бидејќи „Југото“ честопати се гаснело без најава.
Се уште нема најави дека овој автомобил би можел да биде произведуван, но Париповиќ кој завршил Академија за применети уметности во Виена, верува и се надева дека „Зуго“ ќе стане реалност.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа