Обилни поплави во јужна Србија

Четири реки во јужна Србија се излеаја од своите корита во текот на минатата ноќ, како последица на поројните дождови кои последниве денови врнат во регионот. 

Реката Топлица поплави десетина куќи во селото Кастрат во општина Куршумлија.

Градоначалникот на Куршумлија, Родољуб Видиќ изјави дека припадници на Секторот за вонредни состојби при српското Министрество за внатрешни работи во текот на целата ноќ поставувале вреќи со песок на брегот на Топлица, но на крајот надојдената вода се прелеала преку насипите и го поплавила селото Кастрат.

- Ситуацијата е многу тешка, бидејќи нивото на водата во реките продолжува да расте. Постои опасност од поплавувања на многу станбени згради и во Куршумлија, нагласи претпладнево Видиќ.

Јавното претпријатие „Патишта на Србија“ соопшти дека поради излевање на реката Јошаница, целосно е во прекин сообраќајот на патните правци Бујановац - Јошаничка Бања и Јошаничка Бања - Дрење во јужна Србија.

19.04.2014 - 12:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега