Левиот палец ќе се обележува на изборите на 27 април

 

Левиот, а не десниот палец ќе им се обележува на граѓаните на претстојното гласање на парламентарните и на претседателските избори. Како што јавува Дневник ваква одлука завчера донела Државната изборна комисија откако добила сознанија дека кај многумина граѓани се уште не се избришани трагите од маркирањето извршено на гласањето на 13 април.

- За да нема никакви забуни и да одбегнеме ситуации во кои на некој граѓанин би можело да му биде попречено правото да гласа бидејќи има траги од мастилото, донесовме одлука обележувањето да се врши на друго место. И ние добивме информации дека кај доста гласачи с` уште постојат траги од маркирањето и тие се видливи. До недела тие можеби нема да исчезнат и би можеле да се случат недоразбирања и проблеми, изјави за Дневник Субхи Јакупи, потпретседател на ДИK.

 Фактот што мастилото се уште не се брише е во спротивност со информациите што кружеа уште додека траеше гласањето дека тоа лесно се брише само со влажни марамчиња, со ракија, со ацетон. Овој проблем зборува токму спротивно, но не е во ред и во однос на тоа што се очекуваше да се избрише за само еден ден - објаснува Јакупи.

Ова мастило не се употребува првпат, но ретко се случувало да не се избрише и по повеќе дена од маркирањето. 

19.04.2014 - 11:46
Фото: 
Дојче Веле

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега