Пронајдено чудовиштето Неси од Лох Нес

 

Веќе со години трае потрагата по чудовиштето од Лох Нес, популарното Неси, но безуспешно.

Досега по Неси трагаа со најмодерни сонари, подморници, а во потрагата не ретко беа вклучувани дури и вештерки. Но, според последните информации поврзани со него, за барањето на чудовиштето потребен ви е само IPhone.

Двајца ловци на чудовиштето од Лох Нес пронајдоа фотографија на која, според нив, се гледа чудовиштето. Фотографијата е направена со помош на апликацијата на „Apple“ за сателитски мапи која што може да се користи со iPad и iPhone.

„Потполно случајно ја пронајдов оваа фотографија. Едноставно пребарував по сигналите на сателитет по различните делови на светот и одлучив да го погледнам езерото“, вели Анди Диксон од Дурхем.

„Здогледав нешто големо под површината и ја снимив фотографијата на телефонот. Верував во Неси и пред ова, но сега сум навистина возбуден и одвај чекам да заминам на север и да ја посетам, со фотоапаратот, секако“, вели Анди.

19.04.2014 - 10:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега