Хорор- Голф играч скокна во езеро по напад од стршлени
Пабло Ларазабал од Шпанија рипна во езерото на голф теренот во Малезија, откако беше нападнат од стршлени.
За време на вториот ден од турнирот „Малезија опен“, Ларазабал имаше непријатно искуство кое го оцени како најстрашниот момент во неговата кариера.
- Тие беа три пати поголеми од пчелите. Беа големи, а ги имаше околу 30-40 и почнаа силно да ме напаѓаат. Не знаев што да сторам, мојот носач ми рече да трчам и почнав да трчам. Но, тие се уште беа тука., па другите играчи ми сугерираа да рипнам во вода. Ова беше најстрашниот момент во мојата кариера, никогаш не сум бил толку исплашен,- изјавил Шпанецот по немилиот настан.
Пабло Ларазабал на Твитер објави дека утре ќе го продолжи настапот на турнирот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа